Дома Фудбал Англија Навивачи на Брајтон избодени и ограбени во Рим!

Навивачи на Брајтон избодени и ограбени во Рим!

По реваншите во Лигата на шампионите, денеска на програмата се натпреварите во Лигата на Европа, а во Рим вчера се случувал вистински хаос.

Во Рим силите ќе ги одмерат Рома и Брајтон, а пред овој натпревар се случил инцидент во кој потешко биле повредени двајца навивачи на Брајтон.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Според информациите на италијанските медиуми двајца фанови на Брајтон вчера биле избодени со нож при напад од маскирана банда. Во нападот тие се здобиле со исекотини на бутовите. Станувало збор за навивачи на 28 и 29 годишна возраст.

„Двајца навивачи беа нападнати на улица од банда од шест-седум лица со маски“, соопшти портпаролот на полицијата во италијанскиот град.

Покрај повредите, тие биле и ограбени, одземени им биле лични документи и пари. Засега напаѓачите се во бегство и полицијата води истрага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…