Зинедин Зидан откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година е без ангажман, меѓутоа според неговата последна изјава тоа наскоро може да се промени.
Новинарите кои го пресретнаа Зидан го прашаа дали тој би бил тренер во Италија и француската легенда не демантираше.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
„Зошто да не? Се може да се случи, сега сум насочен кон други работи, но сакам да се вратам на тренерската работа“, одговори Зидан.
Во последниот период, но и претходно Зидан се поврзуваше со ангажман во Јувентус каде што во минатото настапуваше како играч. Причината поради која Зидан се поврзува со Јувентус повторно е што позицијата на тренерот Масимилијано Алегри не е сигурна и најголем дел од навивачите бараат негова смена.