Дома Фудбал Лига на шампиони Навивачите на Тотенхем синоќа за прв пат го исфиркаа Покетинo

Навивачите на Тотенхем синоќа за прв пат го исфиркаа Покетинo

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино синоќа доживеа нешто што не му се случило цели пет години како менаџер на Спарси.

Во натпреварот со ПСВ при резултат 0:1, Покетино во 62. минута одлучи од игра да го извади Лукас Моура, што не им се допадна на навивачите на Тотенхем и го исфиркаа својот тренер.

Покетино на теренот го внесе Љоренте, кој даде голем придонес во пресвртот и победата со 2:1.

„Навивачите ги разбирам, а ова е прв пат за пет години да се одлучат да ме критикуваат бидејќи не се согласувале со мене. Но, на крајот беше 2:1.“ – започна Покетино и додаде:

„Секогаш е тешко да донесете одлука, а нормално е навивачите некогаш да бидат разочарани. Тие сакаат да играте со девет или десет напаѓачи кога губите. Се обидувавме да најдеме решение, а решението беше да го внесеме Љоренте.“

Победата над ПСВ беше прва оваа сезона во ЛШ, со која Спарси останаа во борбата за пласман во нокаут-фазата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тренерот на голманите во Јунајтед: Заминав поради Де Геа

Емилио Алварез, поранешниот тренер на голманите на Манчестер Jунајтед, зборуваше дека е из…