Милан и оваа сезона бележи лоши резултати и без разлика кога ќе се заврши сезоната „росонерите“ нема да можат да обезбедат пласман во Лигата на шампиони.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Поради тоа на лето повторно се очекуваат големи промени во таборот на „росонерите“, а последната вест која доаѓа од Апенините сигурно ќе ги разочара навивачите на Милан.
Единствена светла точка кај „росонерите“ оваа сезона е Тео Ернандес, кој во летото пристигна од Реал Мадрид за 20 милиони евра. Тој игра фантастично оваа сезона и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус е силно заинтересиран за Французинот и спремил понуда од 50 милиони евра.
22-годишниот лев бек оваа сезона одигра 25 натпревари за Милан на кои постигна 6 гола и запиша 2 асистенции, а на лето може да се пресели во редовите на големиот ривал.
Сепак, јасно е дека Милан нема така лесно да се откаже од својата нова ѕвезда.