Дома Топ вести Навивачите на Барса му се поклонија на идолот Меси🎥

Навивачите на Барса му се поклонија на идолот Меси🎥

Фановите на Барса ја покажаа љубовта и почитта кон својот идол Лео Меси за време на синоќешниот дуел со Реал Сосиедад.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навивачите носеа дресови и транспаренти посветени на Аргентинецот, кој минатата недела го напушти клубот и се пресели во ПСЖ.

Кулминацијата беше во 10-та минута кога сите присутни на „Камп Ноу“ почнаа да го скандираат името на Меси и ги подигнаа дресовите со број 10, кој го носеше Аргентинецот.

Пред мечот навивачите го изразија незадоволството од претседателот Жоан Лапорта со транспаренти: „Меси е во Париз, а ти си во Ибица“, „Лапорта ти си Јуда кој го предаде D10S“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Монако ја раскина соработката со Пол Погба

Фудбалскиот клуб Монако соопшти дека по договор го раскинал договорот со поранешниот франц…