Карлос Алкараз беше поразен од Ѓоковиќ во големото финале на ОИ. Според сите прогнози, Ноле беше во подредена позиција пред пресметката со Шпанецот, но до израз дојде неговата ментална сила и искуство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во самата подготовка на мечот му помогнал колега кој пред него играше со Алкараз, но не успеа да му пружи голем отпор. Феликс Оже-Алијасим тренираше со Ѓоковиќ ден пред натпреварот, 24 часа откако Алкараз го совлада со 6:1, 6:1.
Потоа на својот Инстаграм профил му честиташе на Србинот за новиот успех, а Новак не остана должен.

Оже-Алијасим покрај полуфиналето во сингл го освои и пехарот во мешани двојки на ОИ во пар со Габриела Дабровски.