Дома Фудбал Англија Мурињо: Ќе ги прекршам правилата и ќе го прегрнам Анчелоти

Мурињо: Ќе ги прекршам правилата и ќе го прегрнам Анчелоти

Жозе Мурињо уште еднаш јавно ја искажа својата почит кон својот колега Карло Анчелоти.

Неговиот Тотенхем утре ќе ги одмери силите со Евертон предводен од Карло Анчелоти, а Мурињо истакна дека ќе ги прекрши мерките за да може срдечно да го прегрне својот колега.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Мислам дека сите му се восхитуваат на Карло како тренер и како човек. Ако не го знаете како личност, тогаш секако дека го знаете како тренер. Јас го сакам Карло толку многу како личност. Секако дека ќе го кажам тоа што е очигледно, а тоа е дека тој е еден од најдобрите тренери во светот во последните две децени“, истакна Мурињо.

„Сметам дека е привилегија Премиер лигата да го има Карло. Ја имам таа чест да го познавам тој фантастичен човек и низ состаноците на УЕФА, но и низ други настани. Затоа имам намера да ги прекршам правилата со цел да го прегрнам“, додаде „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер, Милан и Јувентус се „тепаат“ за новата италијанска ѕвезда

Откако го обезбеди привлекувањето на напаѓачот на Парма, Анже-Јоан Бони, Интер има намера …