Сантијаго Мурињо како што стојат работите ќе биде најновото засилување во одбраната на Атлетико Мадрид.
Станува збор за млад Уругваец роден 2002 година кој настапува за Расинг од Монтевидео, а според информациите преговорите помеѓу двете страни се во завршна фаза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Атлетико нема скапо да плати затоа што неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува пола милион евра.
Интересот на Атлетико за младиот Мурињо го потврди претседателот на клубот, Вашингтон Лизандро.
„Атлетико е најмногу заинтересиран. Беа во игра повеќе заинтересирани клубови, но Атлетико е најблиску“, изјави претседателот на клубот.