Шпанските медиуми пренесуваат дека првите чекори се веќе направени.
Жозе Мурињо е во потрага по нов стопер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изминатото лето со Манчестер Јунајтед се поврзуваа Хари Мегваер, Тоби Алдервилд, Жером Боатенг, Диего Годин...Сепак, на крајот никој не заврши на „Олд Трафорд“.
Сега медиумите во Шпанија пишуваат дека нова мета на Жозе Мурињо е Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид. „Марка“ тврди и дека првите конатакти се веќе воспоставени.
Наводно, од таборот на „ѓаволите“ се спремни добро да платат за 22 годишниот Французин кој во својот договор има откупна клазула од 80 милиони евра.
Репрезентативецот на Франција може да игра и на позицијата лев бек, место на кое Мурињо исто така има проблем, барем според неговите стандарди.
Со Ернандез во текот на летото се поврзуваше и Реал Мадрид, но немаше ништо конкретно.