Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се вклучи во траката по дефанзивецот на Барселона Јери Мина, пренесуваат шпанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Црвените ѓаволи“ се во потрага по квалитетен дефанзивец, па ќе се обидат да го донесат Колумбиецот кој одигра одлично на Светското првенство. Јери Мина моментално е проценет на 30 милиони евра.
Мина пристигна во Барселона во јануари, но воопшто не влезе во плановите на Валверде, па најверојатно ќе биде продаден ова лето.
Интерес за 23-годишниот стопер покажуваат Евертон и Ливерпул, а сега и Жозе Мурињо се вклучи во трката за неговиот потпис.
RMC say Manchester United could move into Yerry Mina transfer picture ‘in the coming days’ https://t.co/PVaeGLNGnJ #mufc pic.twitter.com/wGCYaXRUob
— Sport Witness (@Sport_Witness) July 24, 2018