Тренерот на Рома, Жозе Мурињо смета дека Франција би можела далеку да стигне на Европското првенство поради присуството на Карим Бензема во екипата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Одличниот напаѓач на Реал Мадрид после шест години се врати во националниот тим, а Мурињо смета дека Дешамп направил одлична работа со тоа што го повикал.
Жозе истакна дека Карим дефинитивно е еден од најдобрите напаѓачи во светот и дека додека играле во Реал Мадрид, Кристиано бил заљубен во него.
„Најдобриот комплимтен кој може да се даде за Бензема е дека Роналдо беше заљубен во него во Реал Мадрид. Заљубеноста во друг напаѓач од страна на Кристиано значи многу. Карим веројатно е единствената „деветка“ во светот на фудбалот која не е себична. Неговата визија на играта е неверојатно, ужива играјќи со голема слобода. Нешто слично има и Хари Кејн“, изјави Мурињо.
Французите на Евро 2020 се сметени во група со Германија, Унгарија и Португалија. Првенството Французите го отвараат против Германија на 15. Јуни.