Откриен е неверојатен податок, Жозе Мурињо пред три години донесе одлука од која денес имаше огромна корист.
Ромелу Лукаку денес и официјално стана член на Мачестер Јунајтед, а најзаслужен за тоа е Жозе Мурињо. Сепак, не само поради моменталната иницијатива тука и поради еден потег од пред три години со кој дефинитивно влијаеше на тоа Челзи ова лето да остане без Лукаку.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, во 2014 година, додека беше менаџер на Челзи го продаде Лукаку на Евертон за 28 милиони фунти, а Жозе Мурињо беше против тоа во договорот на Белгиецот да се вметне повратна клазула според која „сините“ би имале предност во однос на другите клубови доколку еден ден сакаат да го вратат.
„Британски Телеграф“ денес излезе интересен податок за тоа дека Мурињо летото 2014 сметал дека Лукаку нема да напредува и го советувал Роман Абрамович да го продаде на Евертон за 35 милиони евра.
Токму поради таа одлука, Мурињо денес го реализираше најголемиот трансфер во досегашниот дел од летото.