Златан Ибрахимовиќ ова лето пристигна во Манчестер Јунајтед и е една од најсветлите точки во тимот, а добрата вест за „црвените ѓаволи“ е што тој најверојатно и следната година ќе остане на „Олд Трафорд“.
Имено, Ибрахимовиќ потпиша едногодишен договор, но Мурињо откри дека во него имало клаузула за продолжување на уште една година.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Ситуацијата со Златан Ибрахимовиќ е јасна, тој ќе остане уште една сезона на Олд трафорд. Договорот што го имаме е на „една плус една година“. Ние сме задоволни, така што ќе ја активираме клаузулата за договорот да стане двогодишен, тука нема никакви дилеми“, изјави Мурињо.
Ибрахимовиќ е најдобар стрелец на јунајтед со шест постигнати погодоци во досегашниот дел од сезонава.