„Црвените ѓаволи“ славеа со 2:1 по пресврт во мечот против Челзи, а по средбата Мурињо не го криеше своето задоволство.
„Славевме против фантастичен тим. Ако сакате да победите одличен тим, морате да бидете организирани добро, мораат сите играчи да се борат, да работат и да го почитуваат планот на игра. Тие почнаа одлично на мечот. Размислував во тој момент што да правиме. По страните ни беше тешко да играме. Вилиан е фантастичен играч и во акцијата кај голот не уби. Сепак, како што истекуваше мечот, се повеќе ја контролиравме играта и бевме подобри. Имавме доста шанси, но не и тие. Очекував таков меч“, истакна Мурињо, па го пофали МекТоминај, но и Погба.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!