Дома Топ вести Мурињо отпиша шест играчи за во јануари да доведе две ГОЛЕМИ засилувања

Мурињо отпиша шест играчи за во јануари да доведе две ГОЛЕМИ засилувања

Англиските медиуми овие денови пишуваа за заминувањето на шест играчи на Манчестер Јунајтед, за да се ослободи место за две големи засилувања и конечна борба на Мурињо за титулата во Премиер лигата.

„Маnchester Evening News“ пишува дека веќе се познати имињата на шестмината играчи на Јунајтед на кои Мурињо повеќе не смета и клубот ќе го напуштат во зимскиот трансфер период.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во првиот ред се Хенрик Микхтаријан и Лук Шо, кој повеќе не се во добри односи со португалскиот стратег. Следните двајца кои ќе го напуштат „Олд Трафорд“ во следниот месец се младите репрезентативци Алекс Туанзабе и Џејмс Вилсон, кои најверојатно ќе си заминат на позајмица во други премиерлигаши. Клубот ќе го напуштат и Дејли Блинд и Матео Дармиан, играчи кои вкупно започнаа само пет натпревари од првата минута во Премиер лигата оваа сезона.

Се уште не се познати замените кои Мурињо ќе ги доведе, но се шпекулира дека главните мети се левиот бек на Тотенхем, Дени Роуз, кој би можел да чини околку 50 милиони фунти и ѕвездата на Арсенал, Месут Озил кој би чинел многу помалку, со оглед на тоа што договорот му истекува следното лето и Арсенал сака да добие барем нешто од неговата продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…