Во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека Жозе Мурињо би можел да се пресели во редовите на ПСЖ на местото на Маурисио Покетино кој како што стојат работите ќе си замине.
Мурињо имаше солидна сезона со Рома и ја успеа да ја освои Конференциската лига, додека ПСЖ е во потрага по нов стратег. Прва желба за клубот од Париз е Зидна, но тој ги одби нивните милиони, а така е изгледа и со Мурињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас ја сакам Рома! Човек сум кој не сака да губи и тука можеби ќе губам почесто отколку во фруги клбуот, но луѓето ме сакаат, имам неверојатна емпатија кон тие луѓе и клубот. Никој не ме лаже и не ми ветувал работи што не можат да се остварат. Во Рома сум затоа што го сакам тој клуб“, изјави Мурињо.
Слична изјава Мурињо даде после победата во Тирана против Фејенорд и очигледно е одлучен во намерата да продолжи во Рим.