Дома Фудбал Англија Мурињо му дофрли на Матиќ: Па, сигурно ти не си играч на натпреварот?

Мурињо му дофрли на Матиќ: Па, сигурно ти не си играч на натпреварот?

Немања Матиќ со својот гол во последните секунди од натпреварот му донесе голема победа на Манчестер Јунајтед на гостувањето против Кристал Палас (2:3).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ беа на чекор до уште еден кикс, но во последните дваесет минути успеаа да направат голем пресврт и да дојдат до победа. Херојот на Манчестер Јунајтед беше Матиќ кој постигна одличен гол во последните секунди од натпреварот.

Матиќ по натпреварот беше „цел“ на новинарите кои бараа негова изјава, додека српскиот фудбал даде изјава по натрпеварот, а покрај него поминуваше Жозе Мурињо, кој се насмеа и пред сите му дофрли.

„Па, сигурно ти не си играч на натпреварот“, прокоментира Мурињо, додека Матиќ само кратко одговори: „Не сум, бодовите сега се најважни“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…