Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо конечно добил уверување од раководството за реализација на трансферот на Тоби Алдервајлед од Тотенхем.
Белгискиот репрезентативец е мета на Манчестер Јунајтед уште од летниот преоден рок, но тогаш раководството на „црвените ѓаволи“ не успеа да го обезбеди неговиот потпис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега Жозе Мурињо конечно добил дозвола од раководството на клубот да почне преговори со Тотенхем за Тоби Алдервирелд кој има договор до крајот на сезоната со опција клубот да го задржи уште една, но сега е вистинскиот момент клубот да заработи на неговата продажба.
Англиските медиуми тврдат дека Тотенхем е спремен да го пушти 29-годишниот дефанзивец за 40 милиони фунти, сума која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат.