Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо повторно е лут поради можното одложување на премиерлигашиот меч против Астон вила следната недела.
Клубот од Бирмингем има големи проблеми со Ковид 19, има околу 10 играчи позитивни, па вечерва против Ливерпул ќе игра во ФА-купот со младинци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мурињо пред Нова година беше нервозен поради одлуката за откажување на мечот против Фулам, зашто се чекаше до самиот почеток пред да се соопшти дека натпреварот е откажан.
Сега изврши притисок врз Премиерлигата и им порача на раководните луѓе да внимаваат какви одлуки ќе донесат.
„Премиерлигата мора да покаже лидерство, да донесе разумна одлука. Не смее да не стави во невозможна позиција, не смее да не казни. Доколку не играме против Астон Вила, ќе имаме три одложени меча, и со оглед на тоа дека играме во Европа, ќе биде невозможно да се направи распоред“, порача Мурињо.