Дома Топ вести Мурињо има „ПЕКОЛЕН“ план и нуди размена на Барселона?!

Мурињо има „ПЕКОЛЕН“ план и нуди размена на Барселона?!

Според пишувањето на шпанските медиуми, Барселона и Манчестер Јунајтед се на чекор од многу интересна размена.

Како што се наведува, Жозе Мурињо го сака Иван Ракитиќ во својата екипа, а за возврат за услгите на Хрватот е спремен да го понуди и Ентони Марсијал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Специјалниот“ е голем фан на играта на Ракитиќ и смета дека токму тој би бил огромно засилување за средниот ред, меѓутоа навивачите на „црвените ѓаволи“ не сакаат Жозе да се откаже од Марсијал.

Сепак, Французинот не е во прв план и понатаму Португалецот му дава предност на Маркус Рашфорд по левата страна во нападот, додека местото во нападот е резервирано за Лукаку и Ибрахимовиќ кој наскоро би требало да се врати на терените.

Од друга страна, Марсијал сигурно би бил големо засилување за Барселона иако во клубот пристигна Осман Дембеле. Двајцата Французи би можеле да играат по крилните позиции, додека Лео Меси би играл веднаш зад Луис Суарез кој би бил најистурен во нападот.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…