Португалскиот стратег Жозе Мурињо во новата сезона ќе го води турскиот гигант Фенербахче, а последната изјава на директорот на клубот, Акун Иликали покажува со колкав ентузијазам Жозе влегол во целата работа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, тој откри дека уште пред да потпише договор веќе ги анализирал можните противнци.
„На вториот состанок кој го имавме, Мурињо ни кажа дека почнал да работи на Партизан. Бев изненаден затоа што веќе запоќнал да работи на нашите можни ривали во квалификациите“, изјави Иликали.
Фенербахче обезбеди пласман во квалификациите за место во ЛШ и Партизан е еден од нивните можни противници. Ждрепката се уште не е одржана, но Мурињо веќе анализира.