Мурињо е силно заинтересиран за ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха и сака да го донесе на „Олимпико“.
Заха сега влезе во последната година од договорот и инсистира да ја промени средината, па поради тоа не сака да го продолжи договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мурињо сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во Рома без обештетување следното лето.
Мурињо верува дека Заха одлично ќе се вклопи во неговиот тим и ќе биде идеален партнер за Абрахам, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.
„Волчицата“ сака да ја победи конкурецијата од англиските клубови и што побрзо да постигне договор со Заха.