Дома Фудбал Останато Мурињо го критикуваше Осимен: Кога си наследник на играчи како Дрогба, Ето, Веа…не можеш да се однесуваш така

Мурињо го критикуваше Осимен: Кога си наследник на играчи како Дрогба, Ето, Веа…не можеш да се однесуваш така

Откако пропадна трансферот на Виктор Осимен во редовите во Челси, Нигериецот се пресели на позајмица во редовите на Галатасарај.

Сега напаѓачот доби критики од тренерот на Фенербахче, Португалецот Жозе Мурињо. Мурињо призна дека станува збор за одличен играч, но додаде и дека премногу симулира.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Осимен е одличен фудбалер, немам проблем и имам добар однос. Сепак, не ми се допаѓа како се однесува, премногу симулира. Последен пат кога во Рома играв со него му кажав: Ти си со Салах еден од најдобрите двајца фудбалери во Африка. Тоа значи дека наследуваше имиња како Дрогба, Ето, Веа…и не можеш така да се однесуваш“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Флик потпишува нов договор и бара уште четири важни потписи во Барселона

Ханси Флик ќе потпише нов договор со Барселона. Како што и се очекуваше, управата под водс…