Дома Фудбал Останато Мурињо во свој стил: Не го казнувајте Сон пет пати и не ја уништувајте најдобрата лига

Мурињо во свој стил: Не го казнувајте Сон пет пати и не ја уништувајте најдобрата лига

Жозе Мурињо во свој препознатлив стил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стартот беше невнимателен, движењето на Сон и падот на Рудигер ги натераа судиите после прегледувањето на ВАР да му покажат на Кореецот црвен картон, но и да го суспендираат на три натпревари.

Тоа било престрого ако го прашате Мурињо и најави дека неговиот тим ќе поднесе жалба.

„Се надевам дека Сон нема да го казните пет пати. Првата санкција беше фаулот од Рудигер над него. Втората исклучувањето. Третата ќе биде што нема да игра против Брајтон. Четвртата што нема да можам да смтам на него и на гостувањето кај Норвич, ако го прескокне Саутемптон, тоа би било петта казна“, во свој стил изјави Мурињо.

Веднаш после натпреварот Мурињо иронично „изрази“ надеж дека Рудигер ќе се опорави од скршеницата на ребрата.

„Господинот Тирни во ВАР собата се погрешно сфати. Ова е Англија. Премиер лигата е најдобро првенство во светот и немојте да ја уништуваме“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како ова не е гол? Го имаме најголемото промашување досега на Мундијалот! (Видео)

Швајцарската репрезентација се израдува на победа од 2:0 над Алжир, со што го обезбеди пла…