Санта Клара за три дена ќе игра против Шкупи во рамките од второто коло во Конференциската лига на УЕФА.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Левиот бек на Санта Клара, Бразилецот Мансур пред овој натпревар потенцираше дека треба да бидат максимално внимателни пред двомечот со македонскиот претставник.
„Мораме да бидеме вниматалени и да покажеме почит кон Шкупи. Се надеваме дека ќе одигра два добри натпревари и ќе се пласираме во следната фаза. Тимот е фокусиран и мотивиран, ќе се бориме за пласман во следната фаза“, изјави Мансур.
Ќе потсетиме во првото коло Шкупи го елиминираше тимот на Лапи од Косово.