Статусот на Ентони Марсијал во Манчестер Јунајтед е прилично дискутабилен со месеци, а во последните денови ситуацијата околу неговата иднина ескалираше затоа што неговиот агент се огласи во медиумите.
Човекот кој го застапува Французинот изјави дека бара други опциии и дека сака да го напушти клубот. Новиот менаџер на Јунајтед, Ралф Рагник порача дека не разговарал со фудбалерот и дека ако Марсијал сака да замине тоа треба лично да му го каже.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како и да е Марсијал скоро и да не игра, а кога игра тоа не е на очекуваното ниво.
Сега се појави информација за можна размена со Атлетико Мандрид. „Јорганџиите“ се заинтересирани за Марсијал и на „црвените ѓаволи“ наводно им порачале да изберат некој играч, секако со одредени услови.
Договорот на Марсијал со Јунајтед е до летото 2024 година, во клубот тој е од 2015 година. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност е околу 60 милиони евра.