Дома Фудбал Модриќ прифаќа помала плата за да остане во Реал

Модриќ прифаќа помала плата за да остане во Реал

Лука Модриќ е спремен да прифати намалување на платата за да остане во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Договорот на 35-годишниот хрватски плејмејкер истекува на лето, а Реал нема намера да му го продолжи договорот со истите услови.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Модриќ и оваа сезона е една од клучните фигури во тимот на Зидан и нема намера да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Поради тоа е спремен да ги прифати новите услови на клубот со цел да истане во Реал и следната сезона.

Хрватот моментално заработува 12 милиони евра, а новиот договор не е ни приближно до оваа сума.

Лука е член на „кралскиот“ клуб од 2012 година и освои се што можеше да се освои, а во 371 натпревар постигна 26 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…