Дома Фудбал Модриќ: Победуваме и без Роналдо, Рамос е феномен!

Модриќ: Победуваме и без Роналдо, Рамос е феномен!

Лука Модриќ ја прослави новата титула со Реал Мадрид во Примера и имаше посебни пофалби до капитенот Серхио Рамос.

Рамос беше импресивен оваа сезона со 13 гола. Слободниот удар против Мајорка беше ремек-дело. Мојот брат Серхио е феномен. И ова не го велам затоа што во текот на осум години развивме посебен однос, сме пријатели на семејството, заедно ги поминуваме празниците или затоа што заедно постигнавме голем успех во фудбалот. Рамос е 34 години и е конкурентен на највисоко ниво. Кога ќе видите како тој работи на себе, станува очигледно колку е посветен на својата работа, колку е гладен за успех“, смета Модриќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Хрватот потоа проговори за заминувањето на Кристиано Роналдо и истакна дека знаел дека ќе победуваат и без него.

„Сите знаеме колку важен беше Кристиано за Мадрид, но морам да кажам дека ние не бевме потресени од фактот што тој замина, не мислевме дека без него нема да можеме да освојуваме титули. Секогаш бевме уверени дека ќе продолжиме да победуваме и без него, тимот е пред сите и заедништвото не прави силни“, заклучи Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во „војната“ во мак-фудбалот се вмеша и Новески: Време е за нови лица, лични битки и фрустрации не носат ништо добро!

Како да нема крај на реакциите во македонскиот фудбал, последен кој се огласи сега е Никол…