Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ ги советувал директорите на „кралскиот“ клуб да го купат неговиот сонародник, Јошко Гвардиол, пренесува „АС“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Модриќ го советувал раководството дека Гвардиол може сериозно да ја засили одбраната на тимот за многу години.
Гвардиол е желба на голем број тимови од Европа и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци.
Хрватот веќе потврди дека е спремен за нов предизвик, но има договор со Лајпциг до 2027 година и германскиот клуб за неговата слобода бара 100 милиони евра.