Веќе сме на половина од сезоната во Премиер лигата, па англиските медиуми веќе ги избраа најголемите разочарувања во првиот дел од сезоната.
Во најлошиот тим во Премиер лигата има доста звучни имиња, а единствениот тим со два претставника е Манчестер Јунајтед, а тоа се Хенрик Михтарјан и Виктор Линделоф.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швеѓанецот дојде како големо засилување за одбраната, а се уште се нема наметнато во првиот тим, додека Михтарјан падна во немилост на Мурињо и во последно време го нема ни на клупата.
Меѓу „најлошите“ е и скапото засилување на Челзи, Бакајоко, некогашното „Златно момче“ Ренато Санчез, како и голманот Џо Харт. Секако, најголемо изненадување е што во тимот се најде и Алексис Санчез.
Голман: Џо Харт (Вест Хем)
Одбрана: Вилијамс (Евертон), Линделоф (Ман Јунајтед), Соареш (Саутемптон), Роуз (Тотенхем)
Среден ред: Шелви (Њукасл), Санчез (Свонси), Бакајоко (Челзи), Михтарјан (Ман Јунајтед)
Напад: Алексис Санчез (Арсенал) и Кристијан Бентеке (Кристал Палас).