Дома Фудбал Мијатовиќ не ги разбира измените на Солари: Оваа година ми е тешко да го гледам Реал Мадрид

Мијатовиќ не ги разбира измените на Солари: Оваа година ми е тешко да го гледам Реал Мадрид

Прославениот ас не уживаше во вчерашниот натпревар на Реал Мадрид.

Реал Мадрид изминатата вечер ремизираше со Виљареал 2:2, а посебно импресионираше Санти Казорла која беше стрелец на двата погодоци за својот тим.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Своите импресии после натпреварот ги изнесе и легендарниот фудбалер на „кралевите“, Предраг Мијатовиќ.

Бејл разочара. Ми се допаѓа, но тој нема квалитет да биде лидер во Реал после заминувањето на Роналдо. Загрижувачки е тоа што често се повредува“, смета Мијатовиќ.

Тој ги забележа и двете чудни измени кога Солари ги замени, Модриќ и Крос.

„Ако играчот го започне натпреварот и добро се чуствува, оставете го да продолжи. Друга работа е ако бара измена, но вака навистина не разбирам. Измената на Модриќ беше погрешна одлука, не ја разбрав ниту измената на Крос. Тешко ми е да го гледам Реал оваа година“, заврши Мијатовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави Симонс веќе е во Лондон и го чека потпис!

Чави Симонс е еден од играчите кој наскоро се очекува да го смени клубот во рамките на тек…