Дома Трансфер зона Миленикот на Конте пристигна во Милано

Миленикот на Конте пристигна во Милано

Крилниот играч на Челзи, Виктор Моузес пристигна во Милано каде треба да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договор со Интер.

Моузес е играч на Челзи, но првиот дел од сезоната го мина на позајмица во Фенербахче, а сега доаѓа во Милано за повторно да соработува со тренерот Антонио Конте.

Интер ќе го добие играчот на позајмица до крајот на сезоната, а на лето ќе има опција да го откупи неговиот договор за 10 милиони евра.

Конте одлично го познава Моузес уште како менаџер на Челзи и верува дека квалитетите на крилниот напаѓач ќе бидат од големо значење за Интер во трката за шампионската титула во Италија оваа сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона поради две причини во јануари не го донесе Халанд

Барселона имаше можност да го донесе Ерлинг Халанд во своите редови оваа зима, но каталонс…