Дома Топ вести Милевски: Не сум задоволен од играта и резултатот

Милевски: Не сум задоволен од играта и резултатот

Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз (2-5) на гостувањето кај Италија.

Иако амбициите беа да се извлече поволен резултат, макар нерешено, сепак црвено-жотте беа далеку од тоа.

Селекторот Благоја Милевски по мечот го изрази своето незадоволство од играта и резултатот.

„Кога ќе примиш четири од пет гола од прекини значи не си бил фокусиран.

Во првиот дел не одигравме како што сакавме.

Во второто одигравме доста добро. Не успеавме да изедначиме, а тоа што се отворивме нé чинеше уште два гола.

Не сум задоволен од начинот на кој одигравме во првото полувреме, но и резултатот“, изјави Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нејмар со емотивна порака до Меси пред последниот натпревар

Нејмар упати емотивна порака до Меси пред неговиот последен натпревар за Аргентина. …