Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски за кампот во Охрид: Заедно си помагаме да создадеме база за во иднина

Милевски за кампот во Охрид: Заедно си помагаме да создадеме база за во иднина

Селекторот на македонската репрезетнација до 21 година, Благоја Милевски во Охрид со селекција на фудбалери до 21 година го реализира тренинг кампот заедно со репрезентацијата до 19 години која ја предводи Шкумбин Арслани.

Двете селекции одиграа контролен натпревар, а Милевски ги споделува размислувањата во однос на реализираната програма.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


– Го реализираме тоа што всушност го имаме во програмата за овој тренинг камп. Важно за нас е да имаме појасна слика пред сѐ за индивидуалниот потенцијал и квалитетот на фудбалерите. Токму затоа денеска имавме и тестирања за брзинските карактеристики на секој поединец. Првиот контролен натпревар ни даде слика за одредени работи, мислам дека извлековме доста позитивни работи, но мораме да имаме во предвид дека ова се фудбалери кои прв пат се заедно. Тренинзите и натпреварите се корисни и за нас, но и за селекцијата од 2002. година каде што има одлични фудбалери. Тоа е група на фудбалери кои исто така можат да ја зголемат конкуренцијата, но и генерација која има важни квалификации следната година. Мислам дека заеднички можеме да си помогнеме и да создадеме одредена база за блиска иднина, изјави селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …