Милан е силно заинтересиран за 20-годишниот напаѓач на Гент, Џонатан Дејвид, пренесуваат италијанските медиуми.
Се очекува на лето „росонерите“ да останат без својот најдобар голгетер, Ибрахимовиќ, па примарна цел на Милан ќе биде доведување на нов напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дејвид оваа сезона блеска во дресот на Гент и постигна 23 гола на 39 меча, па го привлече вниманието на многу европски гиганти како Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал и Тотенхем.
Меѓутоа, Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер. Младиот Канаѓанец би можел да се пресели на „Сан Сиро“ за сума од 20 милиони евра.
Сепак, Дејвид е само алтернатива за Лука Јовиќ, кој е примарна цел на „росонерите“, но неговата цена во моментов е 40 милиони евра.