Дома Трансфер зона Милан преговара со Бразилец од Премиер лигата

Милан преговара со Бразилец од Премиер лигата

Раководството на Милан има план Б, во случај да не успеат да го комплетираат трансферот на Ренато Санчез од Лил, пренесува „Газета дело Спорт“.

Ренато Санчез има договор со „росонерите“, трансферот беше пред реализација, но во трката се приклучи Пари Сент Жермен, кој нуди многу повеќе пари.

Поради тоа Милан има резервен план, а станува збор за ѕвездата на Астон Вила и бразилски репрезентативец, Даглас Луиз.

Агентите на Бразилецот вчера пристигнаа во Милано на средба со Малдини и наводно веќе ги договориле личните услови со „росонерите“.

Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, но влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината,  па поради тоа трансферот може да се реализира за 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн ја понижи Барселона: Парите за Левандовски ги сака веднаш, бидејќи смета дека за една година клубот ќе банкротира

Сагата околу трансферот на Роберт Левандовски во Барселона се уште трае, а Баерн Минхен не…