Дома Топ вести Милан и ПСЖ спремаат спектакуларна трампа

Милан и ПСЖ спремаат спектакуларна трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и ПСЖ започнале преговори за интересна трампа, која треба да се комплетира до крајот на јануарскиот преоден рок.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо се обидува да го донесе во Париз својот сонародник Лукас Пакета. Бразилецот во јануари беше донесен во Милан за 35 милиони евра и уште на првите натпревари за Росонерите покажа дека има квалитет и дека ќе биде голем играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, оваа сезона не се вклопува во формацијата на Пиоли, па често ја грее клупата за резерви и самиот сака да ја промени средината.

Милан за неговата слобода бара 30 милиони евра, а ПСЖ на „росонерите“ им  нуди трампа. Италијанскиот клуб на радарот има двајца фудбалер, Јулијан Дрекслер и Леандро Паредес.

ПСЖ е спремен за таква трампа, па двата клуба започнаа преговори за да ги договорат деталите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…