Според последните информации во трката за Мемфис Депај се вклучил италијанскиот гигант Милан.
Капитенот на Лион им е прималива опција затоа што неговиот договор со францускиот прволигаш истекува на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона минатото лето со сите сили се обидуваше да го доведе Холанѓанецот, но Лион не попушташе и бараше сума од 30 милиони евра. Медиумите тврдат дека Каталонците сега излегле од трката за неговиот потпис, бидејќи имаат поинакви планови.
Милан е во потрага по напаѓач за следната сезона и веќе запонал преговори со неговиот агент.
Депај е спремен да се пресели на „Сан Сиро“, но само доколку „росонерите“ обезбедат пласман во Лигата на шампиони, а се на добар пат.