Милан во летниот преоден рок постигна договор со Реал Мадрид за двегодишна позајмица на Брахим Дијаз, но веќе донел одлука да го откупи.




Милан за позајмицата плати 3 милиони евра, но на крајот на позајмицата ќе има право да го откупи за додатни 20 милиони евра.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Шпанецот игра фантастично од почетокот на сезоната и Милан веќе донесе одлука да го откупи уште на крајот на оваа сезона.




Реал во договорот ќе има бај-бек клаузула и во следните две години ќе може да го врати Шпанецот за 30 милиони евра.




Брахим Дијаз е задоволен на Сан Сиро и дал согласност да остане и ќе потпише 5-годишен договор со „росонерите“.