Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака минатото лето се пресели во Вест Хем, но може експресно да се врати во Серија А.
Скамака со настапите во Сасуоло се етаблираше во еден од најголемите таленти на Апенините, но во Премиер лигата се уште не може да се адаптира.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ситуацијата будно ја следи Милан, кој покажува сериозен интерес и сака на лето да го донесе на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ се спремни да му понудат трампа на Вест Хем, па за потписот на Скамака да го понудат Де Кетеларе.
Милан минатото лето за Белгиецот плати 35 милиони евра, но и тој не се снајде најдобро на „Сан Сиро“.
🚨 AC Milan could offer to swap Charles de Ketelaere for West Ham striker Gianluca Scamacca in the summer transfer window.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 27, 2023
(Source: Telelombardia) pic.twitter.com/8YhBiFG0Vp