Миланските гиганти Милан и Интер веднаш ја започаа битката за новиот италијански репрезентативец, Матео Ретеги.
23-годишниот Ретеги е дете на Бока Јуниорс, но игра на позајмица во дресот на Тигре каде блеска веќе втора сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ретеги важи за најталентираниот напаѓач во Аргентина и на 46 меча за Тигре постигна 37 гола, а поради италијанските корени одлучи да игра за Италија.
Синоќа дебитираше за „аѕурите“ против Англија и постигна гол на своето деби, а остави и одличен впечаток.
Милан и Интер веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот, па останува да се види кој ќе излезе како победник.