Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ го отпушти Американецот Хиндс поради омаловажување на клубот

МЗТ го отпушти Американецот Хиндс поради омаловажување на клубот

Поради неспортско однесување и омаложување на клубот управата на МЗТ го раскина договорот со Џабари Хиндс кој повеќе нема да биде дел од тимот.

„Плејмејкерот добро ја почна сезоната, но потоа од натпревар во натпревар играше сѐ полошо, за во последниот период да почне да се однесува онака како што не му доликува на еден професионалец. Трпението кулминира со неговото отворено потценување на домашното првенство и гласното негодување секогаш кога требаше да настапи на мечевите од Првата лига. Згора на тоа, Хиндс на последните пет средби на домашна сцена постигна вкупно 20 поени или четири поени во просек, што е само доказ за неговото незалагање на овие натпревари“, стои во соопштението од клубот.

Воедно, Металците открија и дека американскиот плејмејкер непрофесионално се однесувал во изминатиот период, имал бурен ноќен живот и покажам непочитување кон мак-баскетот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Кога Панчев влезе како Македонец и ги „реши“ Грците среде Атина! (ВИДЕО)

Многумина од вас сигурно ја знаат приказната за Дарко Панчев, а ние сега во недостаток на …