Дома Останати Мејвејдер се враќа и сака борба против Мекгрегор

Мејвејдер се враќа и сака борба против Мекгрегор

Флојд Мејвејдер соопшти дека „официјално ја прекинал пензијата“ и дека во јуни ќе се бори против ѕвездата на ММА, Ирецот Конор Мекгрегор.

Британските медиуми пренесоа дека американскиот боксер на шампионот во лесна категорија во УФЦ, Мекгрегор, му рекол да „престане да плаче по парите“ и да го потпише договорот со шефовите на УФЦ за дас можат да се борат во јуни.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мејвејдер е шампион во пет различни категории во боксот,а кариерата ја заврши во 2015 година.

„Кога се борев против Артур Гати на негов терен тој беше А, а јас Б страната. Победив и не се жалев, ниту плачев. Оскар Де Ла Хоја беше А, а јас Б страната. Не плачев и не се жалев. Победив и станав страната А. Сега Мекгрегор се вратив само за да се борам против тебе. Не сакам повеќе да има изговори поради парите. Потпиши ги документите со УФЦ за да можеме да се бориме во јуни, тоа е толку просто и едноставно.Ти си страната Б, а јас страната А. Веќе сум заморен од твоето плачење поради парите“, изјави Мејвејдер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Анчелоти може да добие отказ и пред крај на сезоната – Перез го избрал наследникот?!

Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид не е така сигурна како до пред неколку месеци, а…