Дома Фудбал Останато Мечот Фенербахче – Бешикташ ќе се доигра без публика!

Мечот Фенербахче – Бешикташ ќе се доигра без публика!

Фудбалската федерација на Турција одлучи полуфиналниот натпрвар од Купот помеѓу Фенербахче и Бешикташ кој пред неколку дена беше прекинат, да продолжи пред празен стадион.

Мечот меѓу двата турски гиганти беше прекинат, откако навивачите на Фенербахче фрлија предмети на теренот и го погодија тренерот на гостите Сенол Ѓунеш.

Натпреварот ќе продолжи од 57-та минута при резултат 0:0 и ќе се доигра на 3-ти мај!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Португалија без Роналдо: Убедлива победа над Данска

Португалија без Роналдо ја совлада Данска со 4-2, покажувајќи напредок во нападот. …