Дома Фудбал Месут Озил нема по добро да го памети првото големо турско дерби

Месут Озил нема по добро да го памети првото големо турско дерби

Фудбалерите на Галатасарај во 24. коло од турската Супер лига гостуваа кај лутиот ривал Фенербахче каде славеа со 1:0.

Како и обично, дуелот помеѓу Фенер и Галата привлече големо внимание во Турција, а на теренот беше беше возбудливо од печетокот до крајот.

Во ваквите натпревари обично тешко се поднесуваат поразите, а Фенер денеска е тој кој мораше да му честита на ривалот и да му го препушти првото место на табелата, иако и двата тима имаат по 48 бода.

Јунак за Галата беше Мустафа Абдалах кој во 54. минута ја затресе мрежата на Фенер за голема победа на својот тим.

За Фенер од 63. минута играше и Месут Озил. Домашниот тим успеа да изедначи во 75. минута, но голот на Туфан беше поништен поради офсајд после консултација со ВАР собата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерлигашкиот сон почнува подолу: Зошто странските тренери го избираат Чемпионшип?

Полни трибини, голема видливост и можност за пробив во елитата: англиската втора лига стан…