Дома Топ вести Меси спремен да потпише нов договор со ПСЖ

Меси спремен да потпише нов договор со ПСЖ

Пари Сент Жермен сака да го задржи Лео Меси, а шпекулациите дека Аргентинецот може да се врати во Барселона го натераа клубот побрзо да реагира со нов договор.

Еминентниот весник „Паризиен“ тврди дека Меси е спремен да потпише нов договор со ПСЖ и дека Аргентинецот се чуствува одлично во клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


ПСЖ веќе спремил понуда за продолжување на договорот, а француските медиуми откриваат дека станува збор за 1+1 години и плата од 30 милиони евра по сезона.

Во моментов раководството се уште не започнало преговори, но се очекува тие да започнат наскоро.

Меси има договор со „светците“ до крајот на сезоната, па иако Барселона сака да го врати, сепак Аргентинецот е задоволен во Париз и е спремен да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…