Дома Фудбал Меси останал само тројца фудбалери на Барселона во контакт, Пике не е меѓу нив

Меси останал само тројца фудбалери на Барселона во контакт, Пике не е меѓу нив

Лионел Меси во текот на летото ја напушти Барселона, нормално е да не бил близок со сите играчи, но изненадува тоа што како што потврди самиот останал во контакт со само тројца фудбалери.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси доби прашање од новинарите со кои играчи останал во контакт, а тој ги даде имињата на Серхио Бускетес, Жорди Алба и Кун Агуеро. Тоа и не е некое изненадување затоа што Меси со Алба и Бускетс долго време ја делеше соблекувалната, додека со Агуеро се кумови.

Најголемо изненадување е што Меси го изостави Жерар Пике со кој заедно во Барселона беше повеќе од една деценија и испишуваа историја во каталонскиот клуб. Медиумите претпоставуваат дека дошло до тензии кога тој ја напуштал Барселона, а се поврзува и со неговата изјава дадена неодамна.

„Од оние кои очекував дека ќе ме поддржат, ме поддржаа. И за нив се беше изненадување, но застанаа на моја страна“, изјави Меси неодамна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилците не простуваат и најмала грешка, еден репрезентативец вчера доби свирежи (Видео)

Бразил го продолжи својот пат на подготовки за Светското првенство со убедлива победа од 6…