Дома Топ вести Меси од 2017 до денес платил вистинско богатство за данок

Меси од 2017 до денес платил вистинско богатство за данок

Лионел Меси ја има најголемата плата од сите фудбалери во светот, според изворите на шпанските медиуми станува збор за износ од 138 милиони евра бруто, што нешто повеќе од 80 милиони евра нето износ.

Сега „Ел Периодико“ пренесува информации за неговиот платен данок. Меси од почетокот на неговиот тековен договор кој завршува на крајот на оваа сезона, а беше потпишан во 2017 година платил 370 милиони евра данок.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најголем дел од сумата (275) милиони евра е данок на доход. Во овој износ се вклучени и данок на имот, данок на богатство, но и на други добивки од делот на маркетингот.

Договорот на Меси истекува на крајот на оваа сезона. „Трансфермаркт“ проценува дека неговата моментална вредност е околу 80 милиони евра. Во изминатиот период неговиот договор беше една од главните теми во шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул тргнува по Де Јонг

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг и на лето …