Дома Топ вести Меси и Де Јонг во опасност пред „Ел Класико“

Меси и Де Јонг во опасност пред „Ел Класико“

Лионел Меси и Френки Де Јонг се во опасност во случај на жолт картон со Ваљадолид да го пропуштат „Ел Класико“ во сабота.

Останаа уште шест дена до најголемиот натпревар во шпанскиот фудбал, а пред тоа утре Барселона ќе игра против Ваљадолид на „Камп Ноу“.

Пред овој натпревар за медиумите зборуваше стратегот на Барселона, Роналд Куман.

„Мораме да продолжиме со она што го правевме во последно време. Играчите се вратија на тренинзите со голем ентузијазам. Не размислуваме за противничките повреди. Мораме да играме енергично и со ритам“.

Додаде дека е свесен за опстаноста во која се Меси и Де Јонг, но за него тоа ризик кој во овој дел од сезоната е неминовен.

„Останаа уште 10 натпревари до крајот на сезоната и мораме во секој од нив да влеземе со најдобриот тим со кој располагаме“, изјави Куман.

Натпреварот помеѓу Барселона и Ваљадолид се игра во понделник од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Џеко: Рома не можеше да добие подобар тренер од Мурињо

Напаѓачот на Рома, Един Џеко откри дека е среќен поради доаѓањето на Жозе Мурињо на кормил…