Дома Фудбал Останато Меси доби суспензија и парична казна за инцидентот на Копа Америка

Меси доби суспензија и парична казна за инцидентот на Копа Америка

0

Ѕвездата на Барселона и Аргентинската репрезентација, Лионел Меси, доби суспензија и парична казна поради црвениот картон и коментарите што ги упати на адреса на судијата Марио Дијаз кој го исклучи на мечот против Чиле, одигран на Копа Америка.

Во мечот за третото место против Чиле тој доби црвен картон по еден дуел со Гери Медел. Исклучувањето беше престрого. Но, бесот особено од поразот против Бразил, Меси го истури со изјави кон организаторот на турнирот, судиите ги нарече коруптирани, а одби да го земе и бронзениот медал.

За неговото однесување некои сметаа дека може да добие и двегодишна суспензија, но Аргентинецот доби блага казна.

Меси доби парична казна од 1500 долари, и еден меч суспензија, казна која е смешна во споредба со она што се предвидуваше.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валверде со прва критика за Гризман: Треба повеќе да биде вклучен во играта!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ја предизвика новата ѕвезда на Каталонците, Антоан…